Ferrari и Giorgio Armani со нова заедничка соработка

ОБЈАВЕНО НА:

Најголем дел од приходите на Ferrari се од продажба на автомобили, но голем дел доаѓаат и од продажба на лиценцни права и продажба на облека и други производи со знакот на Ferrari.

Токму поради зголемување на приходите на облека, Ferrari воспостави соработка со италијанскиот луксузен бренд на облека Giorgio Armani, а целта е оваа компанија да се грижи за асортиманот, унификацијата и продажбата на облека од овој бренд.

“Нашата моментална понуда е премногу растегната и е во опасност да ја уништи нашата драгоцена капитална марка” изјави Луис Камиљери, првиот човек на Ferrari. Тој потенцираше дека Armani сега во целост ќе биде задолжен за развојот и дистрибуцијата на облеката вклучувајќи торби, наочари и парфеми со знакот на Ferrari.

Блумберг пренесува и дека покрај во специјалните продавници на Armani, облека со знакот на Ferrari ќе се продава и во специјализирани Ferrari продавници.