Bose ја реши бучавоста во автомобилот! (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Бучавата во автомобилот е веќе минато благодарение на иновативното решение на американската компанија Bose.

Ова иновативно решение користи акцелорометри, софтвер за процесирање на звукот, микфорони и звучници како би можело во секој момент да се измерат вибрациите и звуците, а потоа во реално време да се создаде сигнал за акустично анулирање на бучавата.

Системот овозможува дури и способност да го анализира нивото на бучавост за секој патник со тоа што потребниот хардвер се вградува во наслоните за глава на седиштата. При тоа за секој патник индивидуално се подесува излезниот сигнал од звучникот.

Иако електричните автомобили кои заземаат се поголем замав се многу тивки, ова решение на Bose покрај во автомобилите со бензински и дизелски погон ќе биде интегрирано и во целосно електричните автомобили.