По 38 години полицијата пронашла украден автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Дури 38 години и беа потребни на полицијата да пронајдат автомобил украден во далечната 1981 година. Во Мичиген, таа година сопственикот на автомобилот Cherolet Corvette во локалната полиција пријавил дека му е украден неговиот автомобил.

Сега истиот е пронајден, запуштен и валкан па полицијата откако утврдиле дека станува збор за украдениот автомобил истиот го одвлечкале до полициската станица. Сега преостанува полицијата да го пронајдат сопственикот на автомобилот или некој негов наследник.

Инаку во сите овие 38 години крадците со овој автомобил имаат поминато само 18 илјади километри што значи дека и не уживале многу во него.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK