Aston Martin претстави ексклузивeн мотоцикл – ќе изработaт само 100 примероци

ОБЈАВЕНО НА:

По неколку години заеднички развој со Brough Superior, Aston Martin го претстави својот прв мотоцикл именуван како AMB 001. Премиерата доаѓа откако пред само неколку месеци концептот беше претставен на саемот во Милано.

Она што е впечатливо на прв поглед е препознатливата комбинација на Stirling Green и Lime Essence боја како и црните фелни. Куќиштето на овој мотоцикл е создадено од карбонски влакна што ја овозможува малата тежина од 180 кг.

“Тоа е она што веруваме дека е врвен мотоцикл. Многу сме горди што за прв пат на крилата на Aston Martin гледаме врвен мотоцикл” изјави Марек Рајхман, извршен потпретседател на Aston Martin и главен креативен директор.

Овој мотоцикл кој е со 180 КС, ќе биде произведен само во ограничена серија од 100 примероци додека цената на еден примерок изнесува 108.000 евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK