Овој производител ќе ви плати ако возилото ви се расипе

ОБЈАВЕНО НА:

За да се обезбеди задоволство на клиентите, виетнамскиот производител на автомобили VinFast нуди парични стимулации за сопствениците кои имаат проблем со нивното возило.

Станува збор за релативно млад производител на електрични автомобили кој брзо ја проширува својата мрежа и неодамна воведе програма за надомест на трошоците за клиентите во САД и Канада, пренесува CarBuzz.

Според новиот правилник, корисниците ќе бидат обесштетени според видот на проблемот со кој се соочиле. Малите непријатности на новиот модел VF 8, единствениот моментално понуден во САД, ќе бидат наградени со 100 долари, додека проблемите поради кои автомобилот не може да се вози ќе резултира со надомест од 300 долари.

Дополнително, ако поправките траат повеќе од три дена, сопствениците ќе добијат 100 долари за секој дополнителен ден кога нивниот автомобил е во сервис.

Програмата за наплата на VinFast започна на 15 јуни во САД и Канада и ќе продолжи на неодредено време. Клиентите можат да добијат и компензација за повеќе проблеми одеднаш, а компанијата ќе ги процени проблемите при дијагностика на возилото. Деталите за другите пазари се уште се чекаат, а не се знае дали клиентите ќе добијат ваучери за услуги или плаќање во готово.

Како што известува N1, со цена од 46.000 долари, VF 8 е кросовер со средна големина сличен на Tesla Model Y. Основниот модел има два мотори со 349 коњски сили и проценет домет од 420 километри со неговата батерија од 87,7 kWh. Исто така, треба да се напомене дека ова виетнамско електрично возило доаѓа со гаранција од 10 години.

Дали оваа програма VinFast ќе се прошири и на други пазари и дали ќе биде прифатена од другите производители за да привлечат клиенти, останува да видиме.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK