Кратење на трошоците: Ford го намалува бројот на платформи

ОБЈАВЕНО НА:

Во насока на намалување на трошоците, а согласно развојната стратегија за наредните години, американскиот производител Ford го намалува бројот на платформи кои ќе ги користи во развојот и производството на автомобили.

Како што соопштуваат од компанијата, редуцирањето на само пет модуларни платформи ќе донесе заштеда од неверојатни 25,5 милијарди долари и тоа само во наредните пет години. Ова е драстично намалување на платформите и трошоците. Пред само неколку години Ford имаше дури 30 платформи, но под раководство на Алан Мулалиј тој број е намален на само девет.

Тенденцијата на намалување на бројот на платформи како важен сегмент за иднината на Ford ја потврди и шефот за развој Таи Танг кој потенцираше дека намалувањето на трошоците е само продолжување на планот на Алан кој е и најзаслужен за избегнувањето на банкрот.

Од компанијата како најсоодветни платформи за иден развој ги одбра RWD/AWD, FWD/AWD, RWD/AWD Unibody, Unibody платформата за комерцијални возила и Uniibody платформата  за електрични возила.