Ова се најпродаваните седани во САД за 2018 година

ОБЈАВЕНО НА:

Популарноста на седан автомобилите во САД никако да паднат во сенка на SUV возилата. Иако овие вториве од ден на ден го зголемуваат својот пазарен удел, сепак седаните покрај камионетите сеуште се популарни во оваа земја.

The Motley Fool направи рангирање на најпродаваните 10 седани во САД за изминатата 2018 година. Како и години наназад така и оваа година вистинска доминација имаат азијските производители кои се позиционирани на првите седум места следени од домашните производители Ford и Chevrolet на последните три од десет позиции на рангот.

Со продадени 314.346 единици заклучно крајот на ноември, на првата позиција се наоѓа моделот Camry на Toyota, следен од Honda Civic на втората позиција со речиси 15 илјади примероци помалку.

1) Toyota Camry

2) Honda Civic

На третата позиција е наоѓа уште еден модел на Toyota. Станува збор за најпродаваниот во историјата модел, Corolla која оваа година доби нова генерација. На четвртата позиција се наоѓа Honda Accord со продадени 262.444 единици.

3) Toyota Corolla

4) Honda Accord

5-та и 6-та позиција се резервирани за моделите Sentra и Altima на Nissan кои може да се пофалат со вкупна продажба од речиси 400 илјади единици заклучно крајот на ноември.

5) Nissan Sentra

6) Nissan Altima

7) Hyundai Elantra

На 7-та позиција се наоѓа единствениот претставник на Јужна Кореа. Станува збор за моделот Elantra на Hyundai кој е продаден во 185,339 единици. Најдобро продаван американски седан е Ford Fusion кој и покрај фактот што годинава е продаден во 157.548 единици, Ford се одлучи да го прекине производството на овој модел и да се сконцентрира на производството на SUV возила.

8) Ford Fusion

На следните две позиции се наоѓаат два модели на Chevrolet. Така на 9та позиција се наоѓа моделот Cruze кој слично како и Fusion од следната година нема повеќе да се произведува. Така Chevrolet повеќе шанса ќе му даде на моделот Malibu кој се наоѓа една позиција подоле.

9) Chevrolet Cruze

10) Chevrolet Malibu