Новиот Tiguan одликуван со титулата „Најдобар во класата” според Euro NCAP

ОБЈАВЕНО НА:

Благодарение на врвниот безбедносен пакет новиот Tiguan беше прогласен за победник со сегментот компактен теренец

Европската програма за оценка на безбедноста кај новите автомобили Euro NCAP ги објави најдобрите модели за 2016 година. Престижната титула ја освои новиот Volkswagen Tiguan, модел кој беше прогласен за”Најдобар во класата” во сегментот на ” компактен теренец”. Наследникот на популарниот бестселер е најбезбеден автомобил во својата класа.

Во јуни, новиот Tiguan ги исполни сите барања на Euro NCAP и беше оценет со максимални пет ѕвездички. Резултатите од четири под – области беа земени во предвид: систем за активна безбедност за заштита на деца и возрасни, заштита на пешаци и системи за помош на возачот.

Стандардите на NCAP тестот повторно и во 2016 година беа подигнати. Оваа година, детски кукли со нова големина беа дел од опремата за испитување на безбедноста. Новиот Tiguan оствари одличен резултат на тестовите за заштита на децата и возрасни патници. Благодарение на ISOFIX и Top Tether стандардите кај детските седишта и комбинацијата со безбедноста на затегнувачите во вториот ред, децата и возрасните се многу добро заштитени во случај на фронтален или страничен удар.

Во поглед на заштитата на пешаците, структурни детали кај новиот Tiguan особено беа оценети позитивно. Тоа се однесува на функција “активен поклопец на моторот”, кој е дизајниран да помогне во намалување на опасни повреди на главата во случај на судир. Покрај тоа, Tiguan импресионира со системот кој внимава на пешаците и го следи сообраќајот пред возилото – “Front Assist” како и системот за итно сопирање во градски услови, кој во најмала рака ја намалува сериозноста на несреќата, а во најдобар случај целосно го избегнува судирот. Покрај сето тоа, новиот Tiguan поседува и ESC (Електронска контрола на стабилноста), на потсетник за прицврстување на појас на предните и задните седишта и систем за движење во лента “Lane Assist” кои се стандард кај новиот Volkswagen Tiguan.

Euro NCAP, секоја година, објавува листа на најбезбедни возила. Во 2016 година од вкупно 22 нови модели од сите производители беа тестирани. Минатата година на престижната награда “најдобар во класата” ја освои Volkswagen Touran.
ПР соопштение на Порше Македонија

Следете не и на:

24AUTO NETWORK