Луксуз на секоја педа – претставен новиот Mercedes-Maybach S-Class

ОБЈАВЕНО НА:

Во септември годинава Mercedes ја претстави новата генерација на S класата по што прашање на време беше премиерата на ултра луксузната Maybach верзија.

Тоа и се случи сега откако пред една недела беше објавена тизер фотографија. Очекувано, луксузот и екстраваганцијата е во секој дел од возилото.

Споредбено со основната верзија на S класата, оваа доаѓа со подолго меѓуоскино растојание за 180 мм па така сега вкупното меѓуоскино растојание изнесува 3.396 мм. Останатите димензии се идентички. Така должината изнесува 5.469 мм, ширината 1.921 мм и висина 1.510 мм.

Благодарение на овие димензии, особено меѓусокиното растојание, овозможено е поголема пространост во внатрешноста. Тоа секако е искористено на најдобар начин па така вградени се и целосно нови седишта со специјална функција за масажа, но и со можност за греење на врат и рамења.

Овој ексклузивен автомобил доаѓа и со подобрена звучна изолација, благодарение на Active Noise Compensation системот.

Mercedes-Maybach S-Class

Споредбено со основната верзија на S класата, оваа доаѓа со подолго меѓуоскино растојание за 180 мм па така сега вкупното меѓуоскино растојание изнесува 3.396 мм. Останатите димензии се идентички. Така должината изнесува 5.469 мм, ширината 1.921 мм и висина 1.510 мм.

Од останатите додатни карактеристики, Mercedes-Maybach S-Class доаѓа и со светла со Digital Light технологија, алуминиумски тркала од 21 инча, хромирани елементи, електрично отворање на задната врата, панорамски покрив…

Во внатрешноста пак, доминира 12,8 инчниот OLED центраен дисплеј, дополнителниот 12,3 инчен 3D дисплеј наменет за возачот, MBUX ентериерниот асистент со контролни гестови, амбиентално освелтување, Burmester 4D звучниот систем, системот за асистенција на три нивоа, девет степен автоматски менувач и многу повеќе.

Во однос на мотористиката, централно место зазема 4,0 литарски twin-turbo V8 мотор со 496 КС во комбинација со 48V милд-хибриден систем кој овозможува дополнителни 21 КС. Помоќната верзија е опремена со 6,0 литарски twin-turbo V12 мотор со 612 КС.

Продажбата започнува кон крајот на оваа година, а главниот фокус при тоа ќе бидат пазарите во Кина, Јужна Кореа, САД, Германија и Русија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK