Премиерата на електричната Skoda ENYAQ закажана за 1 август

ОБЈАВЕНО НА:

Откако беше фатена за време на тестирање без маска, брзо стигна потврдата од Skoda дека нивниот нов СУВ кој ќе биде целосно електричен ќе биде промовиран на 1 август во Прага, Чешка. Сите очекуваат да видат како во живо изгледа ENYAQ

Toa e е првиот автомобил на чешкиот бренд развиен на модуларната платформа за електрични возила MEB на VW Group. ENYAQ ќе биде достапен со избор помеѓу верзии заден и погон 4х4, три батерии, во зависност од капацитетот и пет нивоа на моќност. Карактеристиките на Skoda ENYAQ се: должина – 4648 мм, ширина – 1877 мм и висина – 1618 мм, а меѓуоскиното растојание на електричниот автомобил ќе биде 2765 мм. Неговиот товарниот простор ќе понуди употреблив волумен од 585 литри.

Силуетата на новиот Skoda ENYAQ iV дава идеја за пропорциите на новиот предводник на марката. Краткиот преден дел и издолжената кровна линија создаваат динамична надворешност, а во исто време нудат и дарежлива количина простор типичен за марката. Новиот SUV има сличен простран ентериер како Skoda KODIAQ, и покрај тоа што е пократок во должина од Skoda OCTAVIA.

Новиот електричен автомобил SKODA ќе биде пуштен во продажба до крајот на оваа година, а неговото лансирање на пазарот е планирано за почетокот на 2021 година, бидејќи првично ќе се нуди нејзината пилот специјална серија Founder Edition (1895 возила).

Основната верзија на Skoda ENYAQ iV ќе биде iV 50, а на ќе има интегриран акумулатор со капацитет од 55 kWh и електричен мотор во задниот дел на кабината со 150 коњски сили и автономија ќе биде од 340 километри.

Снимена електричната Skoda Enyaq за време на тестирањето

Можноста да се вози подолго се зголемува за дополнителни 50 км. на 390 км при изборот на модификација со батерија од 62 kWh. Моделот ENYAQ iV 80 (батерија од 82 kWh), кој има погон на задните тркала и 205 КС сили ќе понуди опсег до 500 километри.

Топ-верзија на ENYAQ iV ќе понуди можност за забрзување од 0 до 100 км на час за 6,2 секунди и максимална брзина од 180 км на час.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK