Porsche под истрага за можно мамење

ОБЈАВЕНО НА:

Германските регулатори истражуваат дали Porsche недозволено манипулирал со податоците за емисијата на издувни гасови во нивните возила, и можно е отворање на нов фронт против Volkswagen Group кој веќе е на ѕидот на срамот поради ова.

Министерството за транспорт и Федералните власти за авто транспорт истражуваат дали Porsche имал инсталирано направа што му дозволувала на автомобилот да почуствува кога ќе биде тестиран за потрошувачка на гориво и емисија на издувни гасови, потврдија од двете агенции. Типот на технологија му дозволува на производителот на ги фалисфикува резултатите со тоа што возилото би се покажало енегетски поефикасно за време на тестирањето.

Според германските медиуми, уште одамна неидентификувани лица блиски до Porsche пријавиле во Министерството за транспорт дека во компанијата има мамење на оваа тема. Според извештаите некои возила на компанијата можат да препознаат кога се на испитување и тоа преку недостаток на движење на управувачот во текот на придвижувањето. Германските власти слична истрага почнаа да спроведуваат и за Audi уште во ноември.

Volkswagen Group досега треба да исплати 18,2 милијарди евра за казни и други трошоци поврзани со откривањето за нивното мамење со емисијата на издувни гасови, во кое се вклучени 11 милиони возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK