Испуштаат многу гасови: Audi повлече 5.000 возила во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Audi објави дека ќе повлече од европскиот пазар 4.997 автомобили од модел A8 со дизелски мотори, за да им се обнови софтверот, пишува Reuters. Причината е што автомобилите испуштаат премногу азотни оксиди.

Во моментов Audi, која е дел од Volkswagen Group, доживува проблеми поради преземања на автомобили, обвинителски истраги и критика од синдикати и менаџери по скандалот со манипулација на дизел емисии во 2015 година.

Од производителот изјавија дека од овој скандал се погодени 3660 автомобилите. Тие се во Германија и произведени помеѓу септември 2013 и август 2017 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK