Ако некој ве удри на паркинг, Mercedes ќе ви испрати смс порака

ОБЈАВЕНО НА:

Напредокот на технологијата овозможи да се отиде дури дотаму што, Mercedes-Benz разви систем според кој можете да добиете известување на вашиот смартфон доколку некој ви ја удри колата додека е паркирана или ако некој се обиде да ви ја украде.

Во Mercedes се надеваат дека оваа технологија ќе биде достапна во сите нови модели коишто ќе се појават на пазарот веќе следната година. Системот работи така што се активира веднаш што ќе биде заклучена колата, а ќе сигнализира при нечиј обид да влезе во неа. Системот користи и камери во автомобилите, а со овие снимки ќе може да се докаже и која кола се судрила со вашето возило, па да се олесни работата на полицијата.

Развиена е и услугата наречена Ask Mercedes со која може да се обратите директно во Mercedes и да добиете упатства за користење на различните високотехнолошки уреди во автомобилот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK