Вака ќе изгледа новата Toyota Corolla (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Во Toyota напорно работат на подготовката на новата Corolla и ова не е никаква тајна. Овој пат се работи за целосно нова генерација на моделот, која ќе се базира на новата платформа TNGA и ќе донесе доста подобрувања, а не само фејслифт.

За голем дел од подобрувањата може да се суди по дебито на новиот Auris. Дизајнот во голем степен ќе биде споделен меѓу двете, а се очекуваат сериозни сличност и под лимот.

Веќе познатиот и независен дизајнер, Клебер Силва користел делови од карактеристичните линии на новиот Аuris, за да создаде виртуелна слика на следната Corolla. Засега е тешко да се каже дали новиот седан ќе биде толку атлетски и агресивен, но цртежите на Силва во голем степен се совпаѓаат со тоа коешто веќе е видено од страна на шпионските слики на прототиповите.

Нема да биде изненадување и ако новата Corolla исто така добие две хибридни придвижувања како Аuris. Кај хечбек возилото веќе има 1,8 и 2,0 литарски хибридни системи, а првата е со цел поекономично возење, додека втората цели кон доставување на повеќе емоции зад воланот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK