Yetti во пензија: Karoq е новиот компактен СУВ на Skoda

ОБЈАВЕНО НА:

Откако беше промовиран првиот голем СУВ во понудата на Skoda, од чешката компанија имаше најава дека семејството на СУВ возила ќе се збогатува, и првиот следен за освежување беше досегашниот Yetti. Но, наместо Yetti што замина во историјата, во понудата ќе биде Karoq. Toj модел ќе биде и официјално претставен на јавноста на 18 мај во Стокхолм.

Skoda сега сподели и многу технички податоци околу моделот, изгледот, моторите. По промоцијата на 18 мај ќе минат неколку месеци пред истиот модел да се најде во продажните салони. Ќе има четири нови мотори, а СУВ возилото ќе има пет различни начини на работа, и плус уште еден посебен оф роуд начин на работа.

Името Karoq е комбинација на збор во јазикот на народ од Алјаска, тоа се Kaa`raq (автомобил) и Ruq (стрела). Тоа е нешто слично како и во случајот на Kodiaq, каде инспирација е Atliiq, автохтоно племе од островот Kodiak, што се наоѓа на брего на Алјаска.

Новиот модел Karoq е сестрински модел на VW Tiguan и Seat Ateca, а ќе ја корист MQB платформата на VW групацијата. На купувачите на располагање ќе им бидат два бензински и три дизелски мотори со сила од 115 и 190 КС, и тоа со мотори со зафатнина од 1.0, 1.5, 1.6 и 2.0 литарски мотори. Новиот 1.5 литарски TSI мотор со системска деактивација на цилиндар е исто така дел од понудата. Дизелскиот 2.0 литарски мотор што има 190 КС ќе ја пренесува на сите тркала преку DSG менувач.

Karoq ќе има пет седишта и погон на предните тркала, додека погонот на сите четири тркала ќе биде резервирано за оние подобро опремени модели. Ќе има и шестстепен мануелен и седум степен DSG менувач.

Возилото е долго 4.382 мм. широк – 1.841 мм. и висок – 1.605 мм. Меѓуоскиното растојание кај моделот со преден погон е 2.638 мм, а кај моделот со четири тркала – 2.630 мм. Багажникот може да собере 521 литар, а со преклопување на задната клупа багажниот простор може да се зголеми на 1.630 литри. Седиштата може и да се извадат, а тогаш просторот се зголемува на 1.810 литри.

Како опција ќе се нуди и VarioFlex систем на задните тркала што овозможува варијабилен багажен простор од 479 до 588 литри.
Karoq ќе биде првиот модел на Skoda со целосно дигитална инструмент табла, целосни ЛЕД светла, електрична врата на багажникот и ЛЕД амбиентално осветлување со десет бои.

Начините на работа се Normal, Sport, Eco, Individual и Snow (4×4).