Ќе се продава како алва: За два дена купени сите 100 Hyundai i30 N возила

ОБЈАВЕНО НА:

По се изгледа дека целосно новиот и прв модел во историјата на Hyundai што е специјално развиен како спортски модел – i30 N, го очекува возбудливо пазарно претставување. Освен што ветува дека ќе им понуди на идните сопственици импресивна динамика на патот, возилото веќе може да се пофали и со голем интерес на пазарот.

Од европскиот оддел на Hyundai соопштија дека специјалната серија од 100 возила i30 N First Edition, што беше пуштена ексклузивното од Hyundai Motor Deutschland, била „разграбана“ за само за 2 дена по започнувањето на приемот на барањата на 17 јули.

Hyundai i30 N, кој ќе биде лансиран официјално на европскиот пазар кон крајот на оваа година, е создаден со идејата да понуди најдобра можна комбинација на спортско однесување на патот, можност за спортско возење на патеката, можност за пероснализација и секојдневна применливост. Автомобилот ветува дека ќе им понуди на корисниците одлично искуство на патот, бидејќи од страна на компанијата е посветено многу сериозно внимание на однесувањето на автомобилот на пат и особено на свиоци при возење со голема брзина.

Hyundai i30 N располага со дволитарскиот турбо мотор со максимална моќност од 250 коњски сили (275 КС со пакет Performance), а возачот ќе има избор меѓу пет главни начини на однесување на патот. Највозбудливото и доживување ветува да го вклучи специјалниот N-режим. Hyundai i30 N Performance Package е во состојба да забрза од 0 до 100 км/ч за 6,1 секунди, а максималната брзина е 250 км / ч

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK