Mercedes-Benz се загрева за новиот S-Class (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Од Mercedes-Benz започнаа со кампањата за претставување на новата верзија на флагманот S-Class, најавувајќи етапно од 8 јули дека ќе распространи три информативни видеа (Meet the S-Class DIGITAL), со чија помош ќе се претстават новите клучни новости и иновации кај новиот автомобил.

Пилот видеото од редот на Mercedes-Benz на новиот S-Class може да се види ТУКА, а од него може да се научи дека хибридната верзија на автомобилот ќе понуди слободен опсег во чисто електричен режим од колу 100 километри, а во опремувањето на флагманот ќе биде доставен проекциски head-up екран со зголемена реалност, како и витуелен асистент со вештачка интелигенција.

„Новиот S-Class е полн со револуционерни иновации и ја пренесува персоналната мобилност во луксузниот сегмент на целосно новото ниво“, вели Катја Бот, која е директор за Глобални комуникации на Mercedes-Benz Cars & Vans.

Новиот Mercedes-Benz S-Class ќе биде претставен во септември.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK