Hyundai ја промовираше новата генерација на Santa Fe

ОБЈАВЕНО НА:

Во Hyundai Motor ја направија светската премиера на четвртата генерација на Santa Fe,  а истата беше одржана во местото Гојанг во северниот дел од Сеул. После успехот со претходниците, новиот Santa Fe ќе има најнови високотехнолошки карактеристики на Hyundai со интуитивен просторен ентериер.

Од пуштањето на првиот Santa Fe во 2000 година, Hyundai се претвори во потврдена марка во СУВ сегментот, а четвртата генерација ќе ги воодушеви клиентите со првокласен дизајн, просторен ентериер и модерна технологија.

Четвртата генерација на Santa Fe се изедначува со Hyundai за СУВ семејството. Тој покажува модерен и елегантен внатрешен вид, дополнет со привлечна композитна светлина и каскадна решетка. Внатрешниот дизајн се карактеризира и со моќна широка позиција и атлетски смел поглед.

Внатрешните размери прават Santa Fe да изгледа неверојатно. Со должина од 4,77, ширина од 1,89 и растојание меѓу оските од 2,765 метри, Santa Fe има уште постабилна позиција на патот и обезбедува повеќе комоција за своите патници.

Видливоста одназад е подобрена со поголемо стакло во задниот дел, кое е поголемо за 41 процент во однос на моделот од претходната генерација. Просторот за багаж исто така е зголемен, како и кај седиштата за патниците во вториот и третиот ред.

За да се одговори на највисоките стандарди за сигурност, четвртата генерација на Santa Fe го нуди најдобриот пакет за безбедност во индустријата во својата класа. Првпат во автомобилската индустрија, иновативниот систем го предупредува возачот дека сè уште има патници на задното седиште при напуштањето на возилото. Ако системот препознае движење на задните седишта откако возачот го заклучил автомобилот се активираат сирената и фаровите. Системот исто така се активира и ако децата се заклучат во возилото.

Системот за движење HTRAC, кој е разработен од Hyundai се заснова на технологијата на движење на четири тркала, која променливо ја регулира моќта. Името е комбинација од H од Hyundai и од првиот дел од зборот „traction“. Во спортски режим, HTRAC осигурува подобро забрзување за 50 проценти, а истиот е распределен на задните тркала. При влошени услови системот автоматски ја распределува моќноста кон четирите тркала.

Моторотите за Европа се 4 и сите одговараат на Евро 6 нормата. Бензинците се 2,4 MPi, и 2,4 GDI, додека дизел моторите се со обем од 2.0 и 2.2 литри. Сите се во комбинација со осумстепен автоматски менувач.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK