Зошто и полицајците не смеат да пишуваат СМС зад волан (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Снимка од патрола од градот Тулса во Олкахома покажува зошто не треба да се користи телефон додека се вози. Камерата во внатрешноста покажува како полицаец зад волан пишува порака, кога пред автомобилот ненадејно се појавува Grаnd Сhеrоkее.

За среќа во несреќата нема сериозно повредени. Единствено полицаецот се жали на болки во вилицата и лактот, кои најверојатно биле добиени при отворањето на воздушното перниче.

Иако полицаецот не внимавал на патот поради телефонот, за виновник за несреќата е прогласен возачот на џипот, кој се појавува ненадејно.

Според колегите на полицаецот дури и да не пишувал СМС порака во тој момент, немало да може да стори ништо за да ја спречи несреќата.

Полицаецот барем го користел безбедносниот појас. Кај нас ниту тој н его користат.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK