Како работи новиот автономен систем на возење на Mercedes (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Сите автомобилски производители забрзано се подготвуваат за новата ера на автономни возила. Кој ќе понуди најдобар систем сигурно ќе ги собере ловориките но и „кремот“.

Меѓу оние што работат на оваа пролематика е и Mercedes. Германската компанија веќе понуди полу-автоматска верзија на нивниот „возачки плот“ со нивната последна E-Class, но работат и на целосно автономна верзија истотака.

Компанијата покани еден познат новинар што објавува интересни видеа на Јутјуб, Маркез Браунли да го тестира еден од прототиповите на автономниот систем на Mercedes и да му покажат што компанијата ќе понуди во блиска иднина.

За разлика од другите системи што веќе постојат на пазарот Driver Pilot не се потпира само на камерите и сензорите во автомобилот, туку и собира податоци од нивните Here Maps за да може автомобилот да биде способен да сврти самостојно.

Mercedes треба да ја претстави новата верзија на Driver Pilot кон крајот на годинава во освежената верзија на S-Class.

Еве како работи автономниот систем на Mercedes.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK