Ford Sync со нова апликација: Автомобилите ќе го препознаваат расположението на возачот

ОБЈАВЕНО НА:

Управување на автомобилот со гласовни наредби преку персонален асистент кој може да го прочита расположението на возачот, дури и да ја пушти омилената песна да му го поправи расположението. Замислете автомобил кој може сето ова да го понуди, возило со вештачка интелегенција, коешто ќе биде партнер на возачот и ќе може да ја предвиди секоја ситуација.

Дел од ова и не мора да си го замислувате зашто веќе постои. Системите на Ford за поврзување, Sync 3 овозможуваат гласовно управување на возилото преку Apple CarPlay и Android Auto, а во САД возачите го слушаат гласот на Скарлет Јохансе преку оперативниот систем „Amazon Virtual Assistant Alexa“. Преку овие системи за гласовни команди веќе може да се користат следниве услуги – „Јас сум гладен. Пронајди ресторан.“, „Сакам кафе.“

Очекувањата се дека со 2022 година речиси секој нов автомобил ќе биде опремен со персонални асистенти кои ќе му помагаат на возачот да најде сѐ што му е потребно, а понекогаш и да му го подобрат расположението.

Од Ford планираат во следните две години, преку системот за гласовни команди, да понудат и опција авттомобилот да му понуди на возачот и различни видови на корисни сугестии, како на пример: „Дали треба да се нарача цвеќе?“ или „Веќе немате од омилените колачиња. Ги има во блиската продавница. Дали сакаш да застанеш и да ги купиш?“ и слично.

„Возачите ќе можат да го користат мајчиниот јазик, но ќе можат и да ги користат сопствените формулации за поприроден говор“, вели Мареике Сауер, инженер за гласовни команди во тимот за апликации за конекции на Ford Европа.

„Системите ќе имаат можност да се снаоѓаат во секоја ситуација, односно, ќе можат сами да се тренираат, без интервенции од возачот или администратор. Ќе можат да развиваат сопствени фрази, а како што ќе стануваат ‘попаметни’ ќе се навикнеме да разговараме со нив“, вели Доминик Ват, предавач на Универзитетот во Јорк.

Идејата да се развие емпатичен автомобил, кој ќе може да го толкува изразот на ликот на возачот и ќе може да ги предвиди неговите потреби не изгледа далечна. Според експертите, ова е следниот чекор, а автомобилот ќе биде во можност да препознае и кога тишината е најдобриот сопатник за возачот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK