Супервулканската магма го помага производството на електрични возила

ОБЈАВЕНО НА:

Научниците најдоа нов извор за литиум, и тоа на место каде најмалку го очекуваа. Клучната компонента за батериите кои ги напојуваат електричните автомобили, како и други технологии за обновлива енергија ја има во супервулканите.

Најголемите извори на литиум во светов се наоѓаат во Чиле и Австралија, но според научниците од Универзитетот Станфорд, неоходно е проширување на пристапот до сребренобелиот метал за да се излезе в пресрет на сѐ поголемата побарувачка за потребите на еколошките технологии со кои се редуцираат емисиите на јаглерод.

„Сега имаме уште еден начин лесно да стигнеме до новите количини на литиум“, вели Томас Бенсон, лидер на тимот кој работеше на истражувањето при Универзитетот Станфорд.

Литиумски батерии користат и за електричните автомобили, алтернативата за конвенционалните возила на фосилни горива.

„Ние ќе мора да користиме електрични возила и големи батерии за да ги намалиме јаглеродните емисии“, вели професорот Гаил Махуд.

Супервулканите се многу поголеми од обичните вулкани и во една ерупција исфрлаат најмалку 1000 километри кубни лава. Научниците ги истражуваа содржините во кратери од супервулкани во Орегон, Невада и други делови од Американските Соединети Држави, кои имале ерупции пред милиони години. Во остатоците од вулканската магма, што биле заробени во кристали во кратерите, научниците нашле остатоци од вредниот метал.

Volvo веќе најави дека сите нови возила што ќе ги лансира по 2019 година ќе бидат целосно електрични или хибриди. И останатите автопроизводители планираат раст на производството на електрични возила што ќе ги зголеми и потребите за литиум.
Според Меѓународната агенција за енергетика бројот на електрични возила на патиштата во текот на минатата година забележа рекорд од два милиони автомобили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK