Пет клучни одговори на пет клучни прашања за зимските гуми

ОБЈАВЕНО НА:

Ноември е месецот кога во најголем дел од европските земји законските регулативи предвидуваат замена на летните со зимски гуми.

Тоа е така бидејќи зимските гуми се создадени од посебни смеси кои овозможуваат прилагодување на возењето и стабилност и на температури под 7°C.

За зимските гуми постојат неколку нејаснотии, а истите ќе ги разјасниме преку одговор на најчестите пет прашања.

  1. Дали мора да возам поспоро со зимските гуми?

Секако дека не. Тоа најмогу зависи од брзинскиот индекс на самите гуми. Така најчесто, гумите се со следните брзински индекси кои ја означуваат максималната брзина T (190 км/ч), H(210 км/ч) и V(240 км/ч).

2. Дали е доволно во зима да возам со летни гуми, но поспоро?

Одговорот и на ова прашање е негативен. Зимските гуми не се користат само за да може да ви дадат слобода да возите малку побрзо и во зимски услови. Клучна разлика, особено на заледен терен е времето и должината на кочење т.е. сопирање. И да користите летни гуми во зима и возите релативно поспоро, во случаеви кога морате итно да закочите тогаш на автомобилот ќе му треба повеќе време за да сопре.

3. Дали е доволно да се користат зимски гуми само кога има снег на патот?

Не, кога има снег тогаш зимските гуми се неопходни, но исто така, нивната главна функција е да при ниски температури, па и кога нема снег и лед, да имаат далеку подобри својства од летните гуми.

4. Дали зимските гуми се трошат побрзо од летните?

Истражувањата покажаа дека зимските гуми траат исто колку и летните. Во зависност од должината на употреба односно поминатата километража, зимските гуми може да траат од три па до пет-шест сезони. Клучно во одржувањето на квалитетот на зимските гуми е тие да се монтираат на автомобилот кога температурата не се искачува над 10°C.

5. Зошто е потребно да се имаат сите четири зимски гуми?

Секогаш се препорачува гумите на автомобилот, без разлика дали зимски или летни се од ист производител, ист профил и длабина. Доколку не се почитува ова правило, односно на предните тркала се монтираат зимски, а на задните летни (или обратно) гуми, тогаш при влегување во кривини, автомобилот е далеку понестабилен што може да предизвика пролизгување.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK