Бременост и возење – што треба да знаете

ОБЈАВЕНО НА:

За време на бременоста жената се соочува со многу промени, а дел од нив може да влијаат и на возењето. Вообичаено бремените жени може да продолжат да возат, а еве и неколку совети за прилагодување:

* Наместете го седиштето во позиција во која ќе ви биде удобна и да не е многу блиску до воланот во случај на удар да се отвори воздушното перниче. Односно, оставете најмалку 10 см растојание од стомакот до воланот.
* Доколку сте во можност, користете возило со волан кој може да се поместува, со цел да го прилагодите возилото на вашите потреби и исто времено да имате контрола врз него.
* Ако го поместувате седиштето, проверете дали добро се наместени ретровизорите.
* Откако ќе се сместите во седиштети, проверете дали можете комфорно да ги досегнете педалите за гас и за кочницата, зашто во спротивно ќе влијае на брзината на вашите реакции.

* Соблечете го палтото или јакната ако го ограничува вашето движење, со цел слободно да се движите. За да се загреете вклучете го греењето.
* Ако имате болки во грбот, од голема помош ќе ви бидат масажерите кои се поставуваат на седиштата и кои грбот го одржуваат прав.
* Секогаш носете некаква поддршка за грбот – мало перниче или завиткано мало кебе, кое ќе го поставите на долниот дел од грбот.
* При долги патувања, често правете паузи. * Излезете од возилото и прошетајте, истегнете се и направете с? што ви помага да се ослободите од стресот.
* Подигнете ги стапалата за да ги одморите нозете. Всушност за време на бременоста стапалата и глуждовите отекуваат и долгото седење ја влошува појавата.
* Од тие причини, ако сте патник во возилото, лесно движете ги стапалата, ротирајте ги глуждовите и мрдајте со прстите.

* Кога патувате понесете мали ужинки и вода со вас.
* Ако имате болки во грбот може да понесете и топли или ладни облоги.
* Ако имате утрински мачнини, обидете се мачнините да ги смирите со ѓумбир.
* Избегнувајте да патувате сама, особено во последните месеци од бременоста.
* Секогаш носете мобилен телефон со себе, како и здравствено осигурување и медицинска историја, како и белешка со контакт броеви од вашите најблиски.
* Избегнувајте да одите на места каде има слаба медицинска нега или каде климатските промени, висинската промена или промената во храната може да ви предизвикаат проблеми.

* Важно е постојано да го носите сигурносниот ремен, под услов правилно да е поставен.
* Ременот кој поминува преку половината наместете го под вашиот стомак. Ременот никако не смее да биде поставен на или над стомакот.
* Истражувањата покажуваат дека користењето на сигурносниот ремен обезбедува поголема безбедност како за мајката, така и за бебето.
* Многу е опасно, особено за нероденото бебе, ако го поставите само делот од ременот кој поминува преку половината, а остатокот од ременот го префрлите зад грбот или го ставите под рака.
* Наместето го седиштето за делот од појасот кој минува преку рамото не се притиска врз вратот. Овој дел од појасот треба да минува преку клучната коска и меѓу градите.
* Појасот нека стои затегнат. Секогаш кога патувате во возило опремено со воздушни перничиња, наместете го седиштето колку што можете подалеку од перничињата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK