Што се случува кога место бензин ќе ставите „кока-кола“ во резервоарот? (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Доколку некогаш сте имале идеја место бензин во резервоарот на вашиот автомобил да ставите „кока-кола“ тогаш ова видео е добар пример дали треба да го направите ова. Веројатно одговорот на прашањето што ќе се случи и можете да го претпоставите, но еден јутубер се обиде и во пракса да покаже како делуваат два литра „кока-кола“ на моторот на автомобилот.

Тој стави „кока-кола“ во BMW 325i произведено во 2003 година. Меѓутоа експериментот траеше неколку минути. Брзо се активираа контролните сијалички на таблата кои сигнализираа проблем.

Моторот откажа послушност, а чистењето на резервоарот и комплетниот систем за вбризбување го чинеа 1502 долари, а плати и 135 долари за преглед така што овој „кока-кола“ експеримент го чинеше премногу скапо.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK