Што бара жената кога купува автомобил?

ОБЈАВЕНО НА:

Заклучокот од истражувањето е дека продавачите на автомобили за да се подобрат треба да влезат во посебниот женски стил на избор на личен автомобил. За жал многу од нив не ги разбираат.

Германската компанија за истражување Automobil Treuhand GmbH (DAT) спроведе глобално истражување на прашањето како жените си избираат и купуваат нов автомобил. При спроведувањето на истражувањето е утврдено дека женскиот стил на избор на нов автомобил е многу различен од машкиот.

За целите на истражувањето DAT спроведе тестирање со околу 4.000 мажи и жени со цел да се види разликата во принципите при избор при купување на нов личен автомобил.

Главните разлики се:
– жените трошат по малку пари, марката за нив не е од особена важност, поважен е самиот автомобил
– жените се интересираат многу повеќе од мажите за техничките страни
– нивниот стил при купувањето е суштински различен од мажите.

Според експертите, многу жени се разбираат многу од автомобили, но сите при посета на салоните се поинакви од мажите. Често, веќе уште при влегувањето во салонот, веќе знаат многу за возилото и нивните карактеристики и повеќе се подготвени за купување.
Разговорот со продавачот им е потребен за да добијат одобрување за изборот од професионалец. Жените бараат поставување на доверлив и пријателски контакт.

Жената често се поставува како корисник што ги споредува потребите на автомобилот со нејзиниот живот и очекува професионален совет во салонот. Техничките особини на автомобилот во тој момент се оставаат настрана, зашто веќе се проучени. Тука е моментот на продавачот да се здобие со довербата на жената купувач и ако успее, не само што ќе купи возило, туку и ќе се пофали на пријателите дека наишла на добро и совесен продавач

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK