Се продава возилото со кое се возел Хитлер (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Кабриолет возилото Mercedes-Benz 770K Grosser Offener Tourenwagen што го употребувал Фирерот на Третиот рајх Адолф Хитлер во периодот од октомври 1939 до мај 1941 година ќе биде продаден на аукција организирана од Worldwide Auctioneers на 17 јануари 2018 во Скотсдејл, Аризона. Се работи за автомобил што бил користен при парадите организирани во тоа време.

Во 1945 година американски војници го наоѓаат возилото и го праќаат во САД. Децении овој редок автомобил бил дел од колекцијата на казино Imperial Palace во Лас Вегас.

Mercedes-Benz 770K или Grosser Mercedes се смета за врв во предвоената палета на брендот. Возилото со шест седишта има 7.7-литарски компресор со осум цилиндри со моќност од 230 КС и достигнува брзина од 170 км/ч.

Освен Хитлер, ваков автомобил имал и јапонскиот император Хирохито, шпанскиот диктатор Франциско Франко и финскиот претседател Карл Густав Манерхајм. Досега, само неколку автомобили од 770 со каросерија Offener Tourenwagen преживеале и сите тие чинат повеќе од еден милион долари. Се очекува новиот сопственик да плати најмалку 10 милиони долари за ова возило, и тоа најмногу поради неговата биографија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK