Почнуваат нов бизнис: Porsche ќе произведува мед

ОБЈАВЕНО НА:

Команијата која што е позната како автор на најмоќните и најелегантните спортски автомобили, Porsche влегува во нов бизнис, многу поинаков од досегашниот.
Според информацијата од Porsche во близина на фабриката на компанијата во Лајпциг се собрани вкупно милион и пол пчели што е најава за пробив во пчеларството. Местото каде што се наоѓаат пчелите се нарекува „Turbienchen“.

Ова е најава за произведување на мед, а засега нема информација како ќе биде името на новиот производ кој ќе биде дело на Porsche.

Иницијативата која што е преземена од страна на луѓето од Porsche е само една од многуте во последните години коишто се насочени кон зачувување на природата. Во 2002 година од Porsche беа формирани неколку резервати со површина од 132 хектари каде што успеаја да спасат голем број на диви животни.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK