сабота, 25 јули, 2025 година

Климата на Bugаtti Сhirоn може да олади трособен стан (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Клима уредите со кои се опремени автомобилите Bugatti е толку моќна што можат да изладат типичен европски апартман со три соби, вели инженерот Џулија Лемке од француската компанија. Инсталацијата на Сhirоn има два кондензатори и ладење со должина од 9,5 метри.

Високите перформанси на климатизерот се должат на неколку фактори, вели Лемке. На прво место пред екипата била поставена задачата за да се проектира систем, чија изведба не зависи од брзината.

- Advertisement -

Кај обичните автомобили воздушната струја е насочена кон долниот дел од шофершајбната. Кај Сhirоn тоа се случува само до 250 км/ч, а за повисоки брзини компанијата има развиено сложен систем од дополнителни вентили и оптимизирани воздушни канали за да има ефективно ладење дури и при 420 км/ч.

Вториот проблем со кој се соочуваат инженерите беше силно навалената предна шофершајбна  (21,5 степени). Поради тоа, кабината на Сhirоn се загрева многу повеќе од вообичаеното.

Лемке и колегите требало да се справат со топлина од делот зад седиштата од 8.0-литарскиот W16 cо 1.500 коњски сили и 1.600 Нм. Решението се покажа како клима чија моќност е доволна за да се излади стан со површина од 80 квадратни метри.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја