Дали ја знaете историјата на логото на Dacia

ОБЈАВЕНО НА:

Dacia не секогаш настапувала под тоа име. Романската автомобилска марка, која со време станаe позната како Dacia е основана во 1968 година под името UAP („Uzina de Autoturisme Pitesti“), што значи фабриката за автомобили во Питешти.
Toa e град на реката Аргеш во централна Романија, каде што некогаш се наоѓала фабриката и каде денес се наоѓа главното седиште на брендот.

Првото лого на Dacia беше полно со локални и национални карактеристики. Планините во позадина оддаваа почит на Романија, особено Карпатите. Во центарот се истакнувал орелот од грбот на округот Аргес во регионот Мунтени, каде што беше седиште на брендот UAP.

Името Dacia инспирирано од римското име на Романија „Дачија“, се појави за прв пат во 1980 година на црно-бело логото.

Renault Group го купи романскиот производител на автомобили во 1999 година. Во 2003 година, логото на штитот доби сина боја и оживеа на моделот Logan (првпат претставен во 2004 година). Тоа беше првото лого на брендот што излезе од границите на Романија и стана препознатлив низ Европа!

Неколку години подоцна, по повод претставувањето на Sandero во 2008 година, брендот претстави ново лого. Сина позадината беше заменета со светло сива и централниот дел на штитот беше исечен.

Во 2021 година беше воведен новиот амблем „Dacia Link“, дизајниран да ја симболизира довербата помеѓу Dacia и своите клиенти. Се состоеше од меѓусебно поврзани букви D и C и пет букви од името на Dacia, напишани со минималистички фонт за да се нагласи робусната и елементарната природа на брендот.

Сега сите модели на брендот го имаат овој амблем.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK