Nissan ќе отпушта 20.000 работници – во Европа најмногу

ОБЈАВЕНО НА:

По Mitsubishi, GM, Ford, Renault, Volkswagen, Nissan е следниот производител во низа кој најави отпуштање на работници.

Според јапонската новинска агенција Кјодо, Nissan ќе отпушти 20 илјади работници, а најголем дел од нив ќе бидат од фабриките ширум Европа.

Ова не е ништо ново ако се знае дека уште минатата година најави отпуштање, но околу 12.500 работници. Сега, очигледно плановите се ревидирани и земјаќи ја во предвид корона кризата, бројката се зголеми за 7.500 работници.

Целта на овој непопуларен потег има за цел заштеда на финансии со цел обезбедување ликвидност во наредниот период. Дополнително, за остварување на овие финансиски цели Nissan ќе го одложи и лансирањето на неколку модели кои беа предвидени за оваа и наредните две години.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK