(Видео): Во Шведска и ѓубраџиите со автономни камиони

Автономните возила сѐ повеќе се тестираат и во иднина ќе станат значаен и важен дел од секојдневието. Во таа приказна на автономни возила се вклучуваат и камионите, а последен во низата што ќе ги користи во идинина е Volvo.

Во Шведска веќе се тестира проект според кој превозот на отпадот ќе биде автоматизиран. Камион Volvo FM 330 користи ГПС и неколку сензори со кои се скенира околината околу возилото, го позиционира и управува со согласност со барањата. Кога првпат ќе се вози камионот истиот треба да биде управуван од човек, а рутата се снима. Во второто минување работникот мора само да застане да го вклучи системот за автономно возење и камионот ќе го следи.

Засега камионот се движи автономно само наназад за да може работникот да го следи неговото движење додека ја обавува работата. Потребен е само еден работник, и истата се завршува доста ефикасно.

Тестирањето ќе се спроведува до крајот на годинава, а потоа локалната заедница треба да реши дали истите ќе се користат.