(Видео): Toyota повика помош: Мила Јововиќ ја промовира новата C-HR

Користењето на познати звезди во функција на промоција на некој нов модел е нормална работа за автомобилските компании.
Најчесто се бара начин на поврзување на моделот со актерот, за приказната да биде подобра.
Toyota се реши за својот модел C-HR да ја искористи познатата американск актерка со српско потекло Мила Јововиќ.
Рекламата е наречена „Ноќ што тече“, замислена да го претстави првото во светот возење низ извонредно театарско искуство, дел од настан за една ноќ што им нуди на гостите “уметничко и искуствено патување”, покажувајќи го ликот на C-HR.