(Видео): Што гледаат автономните возила?

Трката за безбедни автономни возила е неисцрпна инспирација за мноштвото мали стартапи, додека технолошките гиганти се во судници и се борат за правата врз иновативната технологија.

A, инженерските страсти се сведуваат на таканаречениот лајдар (lidar), односно систем за детекција сличен на радар, но работи со светлина од ласер.

„Ние веруваме дека тоа ќе биде основата за автономното возење“, вели Џулиаме Деваушел, задолжен за мониторинг на иновациите во Valeo, значаен снабдувач за автопроизводителите.

Предноста на лајдар е што може да генерира прецизен тридимензионален приказ на сѐ – автомобили, дрва, велосипедисти во различна средина и под различно осветлување.

Токму како овој на видеото, кој е реален запис на податоци забележан со Luminar сензор додека се движи низ делови од Сан Франциско.

Автономните возила се дизајнирани со повеќе различни сензори, од кои некои се ултрасонични, радари и компонентни со видео камери, додека лајдар има единствени можности. За разлика од камерите, лајдар не може да биде залажан од сенките или заслепен од силна сончева светлина.

Но, лајдар сензорите имаат една слабост, многу чинат, односно, кога пред осум години Google почна да ги користи чинеа околу 75 илјади американски долари, а автомобилската индустрија бара делови кои нема да чинат повеќе од стотина долари, а ќе бидат десетина пати подобри.