(ВИДЕО) Руска работа: Со ова возило нема препреки, минува секаде

Компанијата КОМ од Русија успеа да направи исклучителен проект за СУВ возило со исклучителни можности. Се нарекува Русак-3918, а според тоа како е напревено ова возило може да минува и на најтешките места кои се покриено со снег или со кал.

Сериското производство ќе почне во скоро време, додека првите примероци се очекува да бидат кај новите сопственици до крајот на годината.

Моторот кој го придвижува Русак-3918 е позајмен од Lada Granta и е со моќност од 98 коњски сили. Менувачот е земен од Lada 4×4 или познат повеќе во како Niva. Внатрешноста е исто така од Niva.