(Видео) Мотоцентар со нов концептен сервис-салон

“Водејќи се од современите животни текови и навики, како и од потребите на нашите Клиенти како што се зголемена мобилност и се помалку слободно време, во изминативе неколку години “Мотоцентар“ започна да еволуира од сервис за пневматици во “One Stop” сервис за возила, лесни и товарни. Во оваа насока, и покрај препреките со кои целиот свет се соочува во изминативе две години, се одлучивме на храбар потег – направивме детални процени и анализи и земајќи ги предвид побарувањата на клиентите, го збогативме нашето “Мотоцентар“ семејство со нов, премиум формат – “Мотоцентар Галерија“.

Она што “Мотоцентар Галерија“ ја двои од досегашната наша понуда е пристапот кон времето на потрошувачот, како можеби највреден ресурс во ова динамично доба. Накусо, на нашите корисници им нудиме премиум понуда и светско сервисно портфолио, единствено во нашата Држава, сето тоа додека може да уживаат во шопинг низ трговскиот центар. Тоа е концептот на “Мотоцентар Галерија“, г-дин Горан Гроздоски, Сопственик на “Мотоцентар“.

Сите ентузијасти, љубители на автомобили и оние кои грижливо и посветено ги одржуваат своите возила, може да ја посетат “Мотоцентар Галерија“ во “Скопје Ист Гејт“, секој ден, во период од 10.00 часот до 18.00 часот.

Мотоцентар Галерија – ново ниво на премиум услуга