(ВИДЕО) Mercedes против BMW – кој побрзо до 300 км/ч?

Кога ќе се спомене двобој Штутгарт против Минхен првата асоцијација е дека станува збор за фудбалски дуел од Бундес лигата. Сепак, тука се работи за нешто друго и се работи за „пресметка“ меѓу BMW и Mercedes.

Практично се работи за двобој на BMW M760Li и Mercedes-Benz S63 AMG, а во видеото може да се види убава споредба за тоа како развиваат до 100 километри на час, но и кој автомобил успева прв да стигне до 300 км/ч.

Седанот од Mercedes е со V8 мотор со два турбо компресори со зафатнина од 4.0 литри и со 612 коњски сили. M760Li работи со 6,6 литров V12 мотор со 610 коња.

На хартија Mercedes Benz успева побрзо да развие до 100 км/ч, но на практика ситуацијата е поинаква.