(ВИДЕО): Колку може да дигне Lamborghini Aventador S на автопат?

Колку може да дигне S верзијата на Lamborghini Aventador на автопат? AutoTopNL објави видео на својот YouTube канал токму од забрзувањето на овој модел на автопат во Германија.

Станува збор за автопатска делница без лимит каде возачот успеа да дигне 336 км/ч.

Инаку овој модел кој е претставен на 19 декември 2016 година располага со 6,5 литарски V12 мотор со 730 КС при 8,400 вртежи во минута.

Видеото од забрзувањето можете да го погледнете во продолжение.