(Видео): Како Porsche го тестираше новиот Cayenne

Неколку дена пред светската премиера на новата генерација на Cayenne SUV, компанијата објави видео за тестовите на кои беше подложен автомобилот. Светската премира, е закажана за 29-ти август.

Новата генерација на Porsche Cayenne доаѓа по повеќе од 760.000 продадени возила од 2002 година, ветувајќи дека ќе им понуди подобрувања на идните сопственици во секој поглед. За таа цел, моделот претрпе низа екстремни тестови по различен терен и временските услови (од -45 до 50 степени), со прототип на SUV, кој изнесува вкупно околу 4,4 милиони тест километри.

Прототип возилата на новата генерација Porsceh Cayenne, означени како Е3, беа тестирани на голем број легендарни патеки вклучувајќи го и брзиот Нардо. Квалитетите на автомобили, исто така, се проверени во песочните дини во Дубаи, топлината на долината на смртта во САД, снегот и мразот од Аљаска, влажните и полни со сообраќај патишта на Кина и на други места.