(Видео): „Гробиштата“ од Дизелгејт аферата во САД се огромни

Десетици илјади автомобили на VAG групацијата ги преплавуваат магацини во САД. Некои од овие автомобили одат на расклопување и секундарни суровини, но другите автомобили речиси собираат прашина на паркинзите поради аферата Дизелгејт.

Сопственикот на вратените автомобили е водечкиот германски производител на автомобили кој треба да најде излез од ситуацијата. Многу е веројатно повторно опремување на поскапите автомобили што ќе биде повторно извезено во Европа или на други пазари во светот. Овој процес ќе создаде бран употребени дизелски автомобили, кои Германците ќе се обидат да ги протуркаат најмногу во „трети“ земји.

Овој бран ќе биде уште посилен, со оглед на тоа што десетици градови во Европа, вклучувајќи ја и Германија, почнуваат да воведуваат ограничувања за употребата на дизел автомобили.

Volkswagen мораше да ги купи назад “несоодветните” автомобили од нивните сопственици, а потоа да ги чува во очекување на следните чекори во нивната употреба или реизвезување.
За да се надминат ефектите од дизелгејт во САД, Германците се очекува да платат 20 милијарди долари. Повлекувањата сега се сметаат за “гробишта” на дизел-технологија преку океанот.