Со фекалии изгасија запалено BMW Х6 да не изгори (Видео)

Сопственик на BMW X6 го спаси автомобилот да не изгори целосно со помош на цистерна за собирање фекалии од септички јами. Видеото од случката беше објавено на социјалната мрежа ВКонтакте.

Средед очевидци, баварското купе неочекувано пламнало на патот. За среќа во близина минувал камион КамАЗ и возачот моментално ја процени ситуацијата и го вклучил цревото на запаленото возило.

Сопственикот на возилото покажал дека не му пречи што станува збор за фекалии па дополнително се вратил во внатрешноста на автомобилот за да го отвори поклопецот на моторот. Потоа со раце го отвори за да може цревото целосно д аго изгасен оганот.

Нема информации како успеал потоа да го исчисти возилото, но сигурно тоа ќе го чини поевтино отколку му изгори, па да треба целосно да го однесе на отпад.