(ВИДЕО) Со Audi RS6 Avant можете и до 280 км/ч на автопат

Уште една одлична демонстрација на моќта на Audi подготви екипата на hartvoorautosNL која на својот YouTube канал објави видео од забрзувањето и достигнувањето на максималната брзина на Audi RS6 Avant C8.

На автопат во Германија овој моќен автомобил постигна брзина од нешто над 280 км/ч, а најголема благодареност за тоа има моќниот 4.0 литарски twin-turbo V8 мотор сместен под хаубата на овој автомобил. При тоа овој мотор продуцира максимални 596 КС при 6800 обртни моменти.

Aко не сте на германски автопат и немате доволно силен автомобил, и не треба истото да го пробувате. Или едноставно, немојте воопшто да се обидувате да го правите тоа.