BMW M235i xDrive едвај го помина тестот „еленски скок“ (ВИДЕО)

Шпанскиот магазин КМ77 веќе подолго време го споредува тестот „еленски скок“ на автомобилите. Во последниот тест главната улога ја имаше BMW M235i xDrive.

Овој модел опремен со Bridgestone Turnaza T005 гуми, при брзина од 78 км/ч не ги помина успешно препреките поради што мораше да ја намали брзината на 68 км/ч со која успешно ги помина сите препреки.

Ова е разочарувачки резултат ако се знае фактот и дека Suzuki JImny го помина тестот при иста брзина. Сепак, и некои од останатите конкуренти како што е Mercedes-Benz CLA 200 го помина тестот послабо од очекуваното. Овој модел успешно ги помина сите препреки при брзина од 66 км/ч.

Volkswagen Golf успешно го помина тестот за 69 км/ч додека одличен скор оствари Ford Focus кој го помина при брзина од 78 км/ч.