(ВИДЕО) Како изгледа кога Porsche 997 ќе ја „здува“ со 330 км/ч на автопат

Екипата на AutoTopNL објави уште едно адреналинско видео. Главната улога ји ма Porsche 997 Turbo 9ff додека местото на “злосторот” е автопат без ограничување на брзината некаде во Германија.

Како што може да видите на видеото во продолжение, неименуваниот возач на екипата успеа да дигне 330 км/ч со овој автомобил кој располага со 820 КС.

Инаку наставката 9ff во називот доаѓа од истоимената германска тјунинг компанија формирана во 2001 година во Дортмунд.

Уживајте, со оглед на тоа што кај нас тешко може да најдете ваков тркачки ѕвер, а уште помалку доволно долга патека или автопат…. Ако ве фатат со ваква брзина… отиде возачката…