Renault ќе го претстави во јавност новиот Megane RS за првпат во петок, на 26 мај за време на Ф1 трката во Монако. Нико Хулкенберг ќе го вози првиот круг со автомобилот што треба да има 300 КС.
Најсилниот модел на Renault доаѓа во време кога се слави 40 години од вклученост на компанијата во Формула 1.
„ Луѓето од Renault sport постојано истражуваат нови граници кога треба да им се понуди на купувачите одлична суспензија и добри перформанси на моторот, заедно со аердоинамиката и најдобрата Ф1 технологија, се вели во прес соопштението од компанијата.
Renault ќе се држи до формулата за погонот на предни тркала. За да се осигура дека Megane RS да биде побрз од сите негови претходници, ќе има погон на сите тркала со турбо 2.0 литарски мотор и над 300 КС. Моторот ќе оди заедно со шест степен мануелен менувач, а ќе се нуди и шест степен менувач со двојка оска.