Изминатиот викенд се возеа 9 и 10 тата трка од ФИМ Европскиот шампионат на кружни патеки а домаќин овој пат беше легендарната EWC патека Словакиаринг! Нашиот Христијан Бузалковски успеа да оствари одличен резултат и да ги освои второто и третото место на трите трки во класата СуперСток 1000!
„Одличен викенд за мене и мојот тим, уште од првиот слободен тренинг имав одличен филинг со моторот и со патеката. Успеавме да направиме супер време на квалификациите што не стави во вториот стартен ред со 0.1 секунди од 3. место. На првата трка имавме одличен старт, но по третиот круг морав да го намалам темпото бидејќи во визирот ме удрија неколку големи инскти со што видливоста ми се намали за 50% ,сепак успеав да завршам на третата позиција.На спринтот успеавме да го задржиме третото место овој пат со подобро темпо, а на втората трка по голема борба стигнавме до втората позиција, изјави Бузалковски.









