Продолжениот празничен викенд е одлична можност за кратко летно бегство, а Аква Парк Пробиштип подготвува тридневна програма исполнета со музика, адреналин, вода и многу забава за посетителите од сите генерации.
Од 1 до 3 август, Аква Парк Пробиштип ќе биде една од најатрактивните дестинации во Македонија за сите што сакаат празничните денови да ги поминат активно, разладени и во одлична атмосфера. Со повеќе од 20 водени атракции, базени и содржини за деца, млади, семејства и друштва, паркот нуди забава за секого-од најмалите посетители до најголемите љубители на адреналинот.
Програмата започнува во сабота, на 1 август, со музички сет на DJ Tammy, кој ќе ја отвори празничната атмосфера покрај базените.
Во недела, на 2 август, од 12:00 до 17:00 часот, следува забава со DJ Bono – дневна забава создадена за вистинско летно уживање, музика и освежување под сонцето.
Продолжениот викенд ќе биде заокружен во понеделник, на 3 август, кога DJ Bono и Nikola Popovic ќе се погрижат за музиката, а посетителите ќе можат да учествуваат во забавни предизвици и игри: трка во лижење сладолед, водена штафета и сунѓер-предизвик.

Без разлика дали сакате адреналин на тобоганите, релаксација покрај базените, музика и дружење со пријателите или целодневна семејна забава, Аква Парк Пробиштип има понуда за секого.
Наместо продолжениот викенд да помине дома, претворете го во вистинска летна авантура. Од 1 до 3 август, дестинацијата е Аква Парк Пробиштип-место каде што празничното расположение се спојува со вода, музика и незаборавна забава.









