За да нема проблеми со законот: Audi доброволно повика 850.000 возила на сервис

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител на луксузни возила и дел од VW групацијата, Audi почна доброволно да повикува на сервис автомобили за да се смени софтверот за контрола на емисијата на гасови. Станува збор за околу 850.000 возила што се опфатени со оваа мерка.

Бесплатна услуга на модификација на софтверот заради унапредување на контролата на емисијата на штетни гасови во реални услови на возење им е понудена на сите возила од брендовите Audi, со шестцилиндрични и осум цилиндрични мотори, односно V6 и V8 ТДИ мотори со EU5 и EU6 во Европа и другите пазари (освен Канада и САД), се вели во соопштението од компанијата.

Германската влада и авто индустријата имаа согласност за план за дизелско спасување што ќе биде промовиран на почетокот на август. Сите дизелски возила од сите брендови што с еопремени со Еуро 5 и Еуро6 мотори ќе добијат подобрени софтвери за да се намали големата емисија на штетни гасови.

Трошоците ќе бидат под 2 милијарди евра за возилата во Германија, а авто индустријата се согласи да покрие по 100 евра од автомобил. Со подобрениот софтвер авто индустријата ќе може да го намали загадувањето со Нитроген оксид за околу 20 отсто.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK