четврток, 25 јули, 2025 година

Во БиХ ќе се патува само со лична карта

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Владата на Босна и Херцеговина утврдила предлог основа за водење преговори заради склучување договор со Владата на Република Македонија за олеснување на условите за патување на државјаните на двете земји. Тоа значи дека би требало да може да се патува во БиХ само со биометриска лична карта наместо со пасош.

Договорот треба да им овозможи на државјаните на БиХ и на Македонија меѓусебен безвизен режим до 90 дена во период од шест месеци, со важечки патни документи или важечка биометриска лична карта на сите гранични премини за меѓународен сообраќај. Граѓаните на двете земји кои имаат намера да останат подолго од 90 дена на територијата на една од државите го регулираат својот престој во согласност со нејзиното законодавство.

- Advertisement -

Во моментов ваков безвизен режим и патување со лична карта постои со Србија, Албанија, Косово и Црна Гора.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја