сабота, 26 февруари, 2026 година

Внимание ако патувате во Србија: Има зголемена контрола на брзината

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Србија од понеделник, 21 август до 27 август ја зголемува контролата на брзината на движење на возилата. Брзината со која се движат возилата ќе се мери деноноќно. Министерството за внатрешни работи на Србија, како што пренесува телевизијата N1, набавило 51 уред со компјутерска опрема за мерење на брзината со која се движат возилата.

Според нив, акцијата за зголемена контрола на брзината во текот на следната недела ќе се спроведе и на автопатиштата низ Европа.

- Advertisement -

„Новите уреди се опремени и со компјутерска опрема која ни овозможува да превземаме податоци од сите радарски уреди низ Србија“, вели началникот на Управата на сообраќајната полиција Небојша Арсов.

Овие податоци, заедно со податоците од сообраќајните несреќи треба да дадат насоки за работа на сообраќајната полиција. При тоа, ќе се утврди и дали радарите кои ги користи полицијата биле правилно наместени, а онаму каде ќе се утврдат пропусти ќе има санкции за полицајците.

Во Србија, над 50 отсто од сообраќајките во кои има жртви се предизвикани поради непрописна брзина.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја